12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пленковиќ за уставните измени: Моментот е сега и треба да се искористи

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ повика да се забрза динамиката на евроинтеграциите на земјава. Тој потсети дека изминатиов период кандидатски статус добиле Украина, Молдавија, Грузија и Босна и Херцеговина, а во тој контекст Северна Македонија треба да го искористи моментот.

Тој момент е сега и треба да се искористи. Сега Северна Македонија може да го забрза процесот. Време е за повлекување на вистинските потези и стратешки одлуки – рече Пленковиќ на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.

Според Пленковиќ, по сојузништвото во НАТО и партнерството во Европската унија на двете земји, за неколку години Северна Македонија ќе стане членка на ЕУ.

-Хрватска на тој пат од срце и без какви било услови ви помага веќе повеќе години. Сега е тоа време да се направат вистински чекори, додаде хрватскиот премиер.

Тој истакна дека уставните измени треба да ги направат релевантните институции во државата, но дека е добро тие да добијат поддршка од сите партии, со натпартиски консензус.

-Она што мислам дека би било добро е да се постигне консензус зад кој може да застанат сите. Зад кој може, пред сѐ, да застане народот и нивните политички претставници и кои, според моето длабоко уверување, а јас го следам вашиот процес скоро 30 години, ќе ги намалат фрустрациите и ќе ги елиминираат неправдите кои се случуваат кон Северна Македонија во изминатите години“, рече Пленковиќ.