12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Пленковиќ: Во ЕУ ќе го зачувате македонскиот идентитет, Хрватска од се срце ќе ве поддржи

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кој е во посета на земјава истакна дека Северна Македонија неоправдано била попречувана на евроинтеративниот пат, но дека сега е моментот да се забрза динамиката на процесот. Пленковиќ рече дека тоа ќе се случи со штитење на националниот интерес, идентитет и јазик.

Јас сум еден од оние актери кои што го следи европскиот пат на Северна Македонија со години. Кој што знае дека на состанокот на врвот во Загреб пред 23 години го парафиравте Договорот за стабилизација и асиоцијација уште пред тоа да го направи Хрватска. Оттогаш наваму направивте голем број реформи, бевте неоправдано спречувани на тој европски пат. Така што, се трудевме од земја која што го заврши процесот на интеграција во 2013 година и која за два и пол месеца ќе одбележи 10 години од тоа членство, се обудуваме да ги решиме тие пречки, рече Пленковиќ.

Тој додаде дека е неопходен натпартиски консензус за уставните измени.

Тој момент е сега и треба да се искористи. Сега Северна Македонија може да го забрза процесот. Време е за повлекување на вистинските потези и стратешки одлуки, рече Пленковиќ.

Хрватскиот премиер истакна дека Северна Македонија за неколку години ќе биде членка на Европската унија и е потребен стратешки исчекор во моментов.