Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Вархеји: Отворањето на преговорите минатата година е плод на напорната работа на Владата

„Сакам да се заблагодарам за работата која Северна Македонија ја вложи во извршување на нашата заедничка рамка, Договорот за стабилизација и асоцијација и исполнување на ветувањата поврзани со процесот на пристапување. Отворањето на преговорите минатата година е плод на таа работа и првиот чекор кон реално проширување и членство“ рече комесарот за проширување Оливер Вархеји.

Тој додаде дека отворањето на преговорите е врз основа на заслуга и исполнување на реформите.

Вархеји истакна дека е важно Северна Македонија да не забави на својот пат кон ЕУ, туку да ја забрза својата работа и спроведувањето на реформите.

„Ова се разбира бара вклучување на сите страни – владата, опозицијата, бизинис заедницата, факултетите, граѓанското оптство. Потребно е национално единство за да се оди напред. Ние ќе продолжиме со нашата работа да го забрзаме темпото на преговори. Ние сме подготвени, но ни треба Северна Македонија да направи сличен чекор. За тоа да се случи треба и Владата и Собранието да ја забрзаат работата на преговорите“ рече Вархеји.

Можеби ќе ве интересира

Лосон: Нема договор Скопје-Лондон за прифаќање мигранти

ДЕСК

Масовна тепачка меѓу шест жени во Скопје – Најмладата имала 30, најстарата 85 години

ДЕСК

Апсења на две локации во Скопје

ДЕСК