10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Вархеји оптимист за Северна Македонија во ЕУ до 2030 година: Се зависи од испораката од ваша страна

„Секогаш сум оптимист за членството во ЕУ, тоа ми е дел од описот на работното место. Апсолутно сум оптимист. Вие кажавте 2030 година, тоа јас не можам да го кажам, може да биде порано, може да биде и подоцна. Се зависи од испораката на реформи од Северна Македонија“ рече комесарот за проширување Оливер Вархеји.

Тој додаде дека ЕУ дава јасни и силни сигнали дека проширувањето е врвен приоритет за Унијата и доколку Северна Македонија испорача и ги исполни условите за влез во ЕУ ќе има позитивни одлуки од страна на Брисел.

„Ова се разбира бара вклучување на сите страни – владата, опозицијата, бизинис заедницата, факултетите, граѓанското оптство. Потребно е национално единство за да се оди напред. Ние ќе продолжиме со нашата работа да го забрзаме темпото на преговори. Ние сме подготвени, но ни треба Северна Македонија да направи сличен чекор. За тоа да се случи треба и Владата и Собранието да ја забрзаат работата на преговорите“ рече Вархеји.
Вархеји истакна дека е важно Северна Македонија да не забави на својот пат кон ЕУ, туку да ја забрза својата работа и спроведувањето на реформите.

Спонзорирано: