24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Спин и лажна вест е дека Битиќи некогаш рекол дека евентуално увезените работници ќе доаѓаат за 200 евра плата, туку дека доаѓаат за подобри примања отколку во нивните земји

Медиумски спин со намера е дека некогаш Фатмир Битиќи рекол дека платата за увезените работници ќе биде 200 евра.

– Бегаат за повисоки просечни плати. Кај нас 550 евра е просечна плата каде што одат да работат е 1.100 евра, а земјите од каде што најверојатно ќе доаѓаат, просечната плата е 200 евра, тоа е природен циклус на движење, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

Со ова Битиќи сакал да каже дека како што келнерите од Македонија бегаат од овдешните 500 евра плата кон хрватските 1000 евра месечно, тоа значи дека евентуално увезените работници од земјите кои нудат 200 евра месечни примања доколку би биле вработени во локал кој нуди 500 или 700 евра плата, би ја добивале сумата која што ја нудат македонските локали односно на пример 500 евра/месечно, на ист начин како што Македонците кои одат во Хрватска.

На пример ако македонски келнер оди во Хрватска за плата од 1000 евра, наместо овдешните 500. Така некој од земјите каде платата е 200 евра би дошол да работи како келнер за овдешните 500 евра келнерска плата.

Со ова медиумите и политичарите се обидуваат да направат штета врз угледот на Владата.

Се работи за добро разработена позната метода за вадење од контекст на изјави на владини функционери која што можевме да ја забележиме со изјавата на Славјанка Петровска во врска со зачувувањето на интегритетот и суверенитетот на Украина од страна на рускиот агресор.

Шемата е следна: Прво текстот со таков спин се објавува во медиум близок до опозицијата, а потоа тече кон социјалните мрежи, по што опозициските партии го користат за памфлети и говори.