Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Бизнис

АСОМ до пратениците: Кажете СТОП на законот кој ќе остави на улица 10 000 наши граѓани

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ), заедно со Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС), во придружба на дел од вработените во индустријата на игри на среќа, денес пред Собранието на РСМ каде на дневен ред на собраниска седница беше ставен предлог Законот за игри на среќа, испрати јасна порака до пратениците: да кажат НЕ на предлог законот кој ќе значи ликвидација на легалната индустрија на игри на среќа.

„Тука сме собрани за да испратиме сериозна и јасна порака, дека нема мирно да стоиме и да гледаме како државата го носи најдеструктивниот закон во историјата, кој ќе предизвика затворање на една легална индустрија и ќе отвори широка врата на сивата економија и криминалот.“- истакна Васко Илијевски- претседател на АСОМ.

АСОМ пред собранието потенцираа дека во повеќе наврати апелирале до јавноста дека предлог законот целосно го отфрлаат и го сметаат за неевропски, неуставен и монополски. Tие објаснија дека за нив апсолутно неприфатливи се предлог измените кои предвидуваат дислокација на објектите, забрана за приредување игри на среќа на Интернет, зголемување на давачките и надоместоците, како и измените на Законот кои задираат во веќе постоечките лиценци, бидејќи истите значат колапс за нивната индустрија.

„Заедно сме тука со дел од нашите вработени кои се загрижени за својата егзистенција и иднина да испратиме апел до пратениците да кажат НЕ на овој катастрофален предлог закон, кој ќе значи оставање на улица на 10 000 луѓе кои чесно заработуваат и придонесуваат за општеството. Новите предлог измени и ќе предизвикаат непоправливи  економски штети за целата држава, со тоа што на конец ќе виси и работата на 54 000 граѓани кои соработуваат со нашата индустрија.“- потенцираше Илијевски.

Според АСОМ алармантно е тоа што државата во време на економска криза прави максимално деструктивен чекор и носи закон кој ќе згасне легална индустрија која во буџетот годишно носи прилив од 280 милиони евра.

„Сметаме дека овој предлог закон е направен без соодветна анализа, истражување и користење на факти и аргументи, со тенденциозно избегнување на дебата преку злоупотреба на европското знаменце. Тука сме да кажеме дека од наш интерес е самата индустрија да напредува, а легислативата да се европеизира и дека ова што Владата го прави е спротивно на тоа.“- порачаа од АСОМ.

Од Асоцијацијата истакнаа дека доколку целта на носење на нов Закон за игри на среќа навистина е заштита на младите треба да се работи на едукација, додавајќи дека се целосно подготвени да помогнат преку финансирање и реализација на проекти и програми за едукација на млади.

„Дополнително доколку сакаме да ги заштитиме младите од обложување предлагаме да се зголемат казните за затекнато малолетно лице на уплатно-исплатните места на приредувачите и да се предвидат казни за родители или старатели на малолетниците кои се затекнати на уплатните места.“- рекоа од АСОМ.

Претставниците на АСОМ истакнаа дека тие се луѓе кои сакаат да останат на своите работни места, каде чесно заработуваат за своите семејства, додавајќи дека дел од вработените плаќаат кредити, а дел од нив се мајки кои ја планираат иднината на своите деца, односно дека сите се луѓе кои ќе бидат оставени без приходи во време на инфлација и економска криза.

„Вие пратениците во Собранието сте претставници избрани од народот и треба да работите во интерес на народот, немојте да подлегнете на притисоци, реагирајте навреме и отфрлете го овој предлог Закон кој ќе предизвика непоправливи штети за целата држава.“- порачаа од АСОМ.

Од Асоцијацијата истакнаа дека денешниот собир е симболичен приказ за нивниот став во однос на предлог Законот за игри на среќа, и најавија дека доколку нивните апели не се слушнат подготвени се на масовни протести и сериозна борба со цел да го спречат донесувањето на актуелниот предлог закон.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Четири хороскопски знаци ги чека април за паметење: Доаѓаат успеси и голем напредок

Овој април ќе биде особено успешен и корисен за четирите знаци кои ќе доживеат голем напредок. Иднината не може да се предвиди, но ако им се верува на астролошките прогнози… Прочитај повеќе

Добриот план е половина работа: Ова ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да го направите пред да одите на одмор

Повеќето туристи кои не патуваат преку агенции, сместувањето го избираат преку специјализирани локации, што се води од критиките на другите гости. Но, тука често се јавува проблемот, особено ако критики… Прочитај повеќе

Дали ги користите двете раце или само палецот? Што кажува начинот на кој ги пишувате пораките за вашата ЛИЧНОСТ

Откријте каква личност сте. Сите ние поминуваме многу време и на социјалните мрежи и пишувајќи пораки. Во зависност од тоа како ги пишувате, можете да одредите какви сте како личност.… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе