На 02.10.2026 во 18:30 часот во атар на село Тополница, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода лице (44) од с. Тополница.
Полициски службеници при преземање на службени дејствија заедно со вработени од Шумска полиција и ЈП „Национални шуми“ Радовиш, го затекнале лицето на место викано „Ќуп Тарла“ атар на село Тополница, каде со моторна пила имал извршено бесправна сеча на дабови огревни дрва.
Од лицето се одземени една моторна пила и секира, кои заедно со пронајдените исечени дрва се предадени на вработени во Шумска полиција Радовиш. Известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против Ф.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.


