Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Три инциденти во Скопје за кратко време: нападнат 15-годишник, оштетено „ауди“ и нападнати тројца ученици на излет

На 02.10.2026 во 00:00 часот во СВР Скопје, И.Ф.(50) од Скопје пријавил дека околу 22:30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, двајца малолетници со употреба на физичка сила и со закана со остар предмет му одзеле пари на неговиот 15-годишен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.10.2026 во 19:20 часот во СВР Скопје, З.К.(42) од Скопје пријавила дека на 30.09.2026 и на 01.10.2026 година на паркинг простор на подрачјето на Центар и било оштетено нејзиниот патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.10.2026 во 11:30 часот во Полициското одделение Сарај било пријавено дека околу 11:20 часот во Рекреативниот центар „Сарај“ за време на еднодневен излет, тројца малолетни ученици од Основно општинско училиште од Скопје биле физички нападнати од А.И. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.