Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ТРГНАЛ ПО ДРВА, АМА МУ СЕ НАМНОЖИЛЕ БЕЛЈИТЕ: Трактор без таблици, дрва без документи и возење без дозвола

На 02.10.2026 во 17:40 часот во атар на село Голозинци, општина Чашка, полициски службеници од Полициско одделение Чашкао лишија од слобода лице(35) од село Мелница, општина Чашка, соопшти МВР.

Кај место викано „Мелничка Река“ бил сопрен трактор „форд“ без регистарски ознаки со приколка, управуван од осомничениот, а сопатник бил 17-годишен малолетник од Мелница, натоварени со огревни дрва без жиг и боја и без соодветна документација.

По пребарување на теренот каде била извршена нелегална сеча, била пронајдена дополнителна количина бесправно исечени дрва. Исто така, по извршени проверки било констатирано дека осомниченото лице го управувал тракторот без да поседува возачка дозвола.

По насоки од јавен обвинител тракторот и дрвата биле одземени и предадени на шумска полиција за понатамошна постапка. Мажот бил приведен во полициска станица и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ – Нов закон треба да овозможи жртвите да бидат предупредени за опасност

ДЕСК

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК