17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Ги зголемивме минималната плата и пензиите, со инклузивен пристап растат платите за сите

„ Ја зголемивме минималната нето плата, во март 2022 година на 18.000 денари месечно. Тоа е за 3.000 денари повисока минимална плата, од претходната година во април, кога изнесуваше 15.000 денари. Со измените и дополнувањата на Законот за минимална плата, што ги донесовме, во 2023 година, согласно порастот на трошоците на живот, минималната плата ќе изнесува околу 20.200 денари“ кажа премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на годишната конференција „Година на нови можности“.

Тој додаде дека се зголеми и просечната нето плати, која во ноември 2022 година изнесуваше 33 илјади денари, што е за четири илјади денари повеќе од претходната година во истиот месец.

„Ги покачивме и пензиите во 2022 година и редовна и предвремена исплата, а следува и ново покачување во 2023 година. Околу 330 илјади пензионери во државата веќе земаат повисоки пензии почнувајќи од ланската септемвриска пензија. Пензиите, во 2022 година пораснаа околу 10 проценти, што е историско покачување на пензиите и тоа за период од само една година. Реков дека носевме и краткорочни, но и системски мерки, така што во оваа 2023 година следува ново покачување на пензиите, според новата методологија на пресметка, којашто предвидува усогласување на пензиите според трошоците за живот и порастот на просечната плата. За една календарска година, со ова покачување, растот на пензиите ќе биде околу 16 проценти“ рече Ковачевски.

Спонзорирано: