Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Опфатот во градинките го зголемивме за 5500 деца

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека Министерството за труд и социјална политика продолжило со несмалено темпо во реализација и изградба на нови објекти за да се задоволат потребите на граѓаните. На прес-конференцијата посветена на реализацијата на капиталните инвестиции премиерот истакна дека од 2017 година до денес, отворени се 75 градинки со опфат од 5500 деца.

-Во текот на 2022 година завршени се со реализација нови градинки или пак се изградени доградби кај градинките во 10 општини и тоа Струмица, Гостивар, Берово, Демир Капија, Крива Паланка, Валандово, како и во Сопиште, Ѓорче Петров, Аеродром и населбата Драчево. Капацитетите на градинките ги зголемивме за над 1.000 деца од целата држава. Реализирани се и други значајни инвестиции во делот на подобрување на објектите кои што нудат социјални услуги за граѓаните. Во оваа година планирана е изградба, доградба или адаптација на дополнителни над 20 градинки во државата, кажа Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +