19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Скратено е времетраењето на патување во целиот источен регион на државата

Минатата година целосно ја завршивме изградбата на експресниот пат Штип- Кочани, рече премиерот Димитар Ковачевски, на прес-конференција посветена на реализацијата на капитални инвестиции. На неа тој наброи дел од главните капителните инвестиции од ресорот транспорт и врски.

-Со пуштањето на делницата Крупиште – Кочани, во месец декември, сега го скратуваме времето на патување од еден до друг град на граѓаните од целиот источен регион на државата. Коридорот 8, експресниот пат кон Бугарија се гради со два нови изведувачи и тоа е сосема нова делница паралелна со постојниот пат којшто води до границата со Бугарија.

Исто така, се работи на проширување на трета лента до границата, а комплетно е рехабилитиран патот Куманово – Ранковце. Министерството за транспорт и врски гради и рехабилитира 44 експресни, магистрални и регионални патишта, од кои работите во најголем дел се завршени, а некои сè уште се во тек, кажа Ковачевски.

Премиерот информира дека дополнително, преку Проектот за рехабилитација на локални улици и патишта, со средства од Светска Банка, преку првите три тендери досега се завршени или се во тек работите на 75 локални улици и патишта.

-Со 3 тендери се планира рехабилитација на уште 76 улици и патишта, со вкупна должина од околу 65 километри. Во овој момент активно тече изградбата на автопати во должина од 59 км. Динамиката на изградба на коридорот од Кичево до Охрид, кој е во должина од 57 км и во вредност од 598 милиони евра е навистина забрзана. Таму веќе 75 % од патот е завршен и се работи со забрзана динамика откако беа отстранети сите пречки, додаде премиерот.

Спонзорирано: