Centar.mk
СПОРТТЕМА

СРЦЕТО ЌЕ ВИ СЕ СТОПИ ОД ОВА ВИДЕО: Хрватските фудбалери ги расплакаа Бразилците – Погледнете како децата на Иван Перишиќ го тешеа Нејмар

Фудбалерите на Бразил беа неутешни откако Хрватска ги елиминираше во четврт-финалето на Мундијалот. „Ватрените“ беа подобри по изведувањето на пенали (вкупно 2:1).

Првата ѕвезда на Бразил Нејмар беше во солзи. Тој претходно најави дека ова е последно Светско првенство во неговата кариера и затоа последна шанса да ја освои титулата светски првак. Го тешеа соиграчите, но и хрватските фудбалери по прославата, а новинарот „The Athletic“ сними интересна сцена.

Имено, децата на Иван Перишиќ притрчале до расплаканиот Нејмар и го тешеле. Погледнете една интересна сцена.

(видеото е ембедирано од твитер, фото илустрација)

Можеби ќе ве интересира

Нова спортска приказна за салата „Македонија“ во Прилеп

ДЕСК

ШК Алкалоид ја освои својата 28. титула, 14 во низа!

ДЕСК

Шахистките на ШК Алкалоид ја одбранија шампионската титула на Екипното државно првенство

ДЕСК