20.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Доаѓа студ и снег низ Македонија: Метеоцентар ја објавува четиридневната прогноза

Од ноќта кон понеделник од север ќе настапи заладување што ќе услови позначително спуштање на температурите. Врнежите во понеделник и краткотрајно и во вторник на планините ќе бидат од снег, а понекаде и особено во северните делови ќе има услови за појава на снег понекаде во пониски места.

Прогноза за 12.12.2022
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 7°C до 13°C

Променливо облачно со локален дожд, а на планините претежно во западните и северните делови со слаб снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта поради значително заладување, во северните делови ќе има услови за провејување на снег и на пониските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а на североистокот ветерот ќе биде северен.

Прогноза за 13.12.2022
Минимална температура: -2°C до 6°C
Максимална температура: 4°C до 10°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за краткотраен снег на планините и понекаде на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 14.12.2022
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 3°C до 9°C

Претежно облачно со локален дожд, а на повисоките планини со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.