Centar.mk
БИЗНИСИЗБОРТЕМА

Германските компании „очајно“ бараат работници: Се работи за оваа работа

Криминалците се повеќе ги напаѓаат компјутерските системи на германските компании, па очајно бараат експерти кои ќе ги ангажираат за да се заштитат.

Имено, проблемите со недостигот од ИТ експерти го достигнаа својот врв минатата година, пренесува германската новинска агенција (dpa).

Повеќе од три четвртини од компаниите кои барале ИТ експерти, 77 отсто од нив пријавиле потешкотии при пополнување позиции, додека пет години претходно 58 отсто од нив се жалеле на недостаток на работници во ИТ секторот.

Проблем со напад на компјутерски системи минатата година пријавиле 15 отсто од германските компании со најмалку 10 вработени, што е за седум отсто повеќе од три години порано.

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ОСТАВИЛЕ ДОЛГОВИ, НО НЕ И ИМОТ – Дали децата мора да ги плаќаат кредитите и неплатените сметки?

ДЕСК

НАШЛЕ СКРИЕНИ ПАРИ ВО СТАРА КУЌА – Дали смеат да ги задржат или законот предвидува нешто друго?

ДЕСК

КУРСНА ЛИСТА ЗА 5 НОЕМВРИ – Колку денари се 100 евра, долари, фунти и франци?

ДЕСК