23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Паразити од ВМРО-ДПМНЕ во време на режим и сиромаштија месечно добивале и над 13 минимални плати, обвини Каевски

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ:

Документи и податоци покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ е партија на паразити кои се богателе на грбот на граѓаните.

Веќе покажавме дека во време на режимот 93.000 евра завршиле кај Христијан Мицкоски, а 67.000 евра кај Гордана Кочовска Димитриевска.

Покажавме и како Ивица Томовски, човекот кој сега говори за паразити впрочем и самиот бил паразит инкасирајќи десетиции илјади евра народни пари, што како прв човек на ЕЛЕМ Турс, што преку тендери со фирмата каде бил управител.

Но долга е листата на паразити од ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешниот директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ добивал месечна плата од 101.000 денари плус додаток за минат стаж од 0,5 отсто.

Во време кога минималната плата за работниците беше 8.000 денари, Грозданов месечно добивал над 13 минимални плати.

Од него повисока плата, секако исплатена од Буџетот, добивал поранешниот директор на АЕК, Сашо Димитриевски, исто така кадар на ВМРО-ДПМНЕ кој имал плата од 120.000 денари или близу 2.000 евра, односно годишно инкасирал околу 24.000 евра.

Меѓу паразитите на ВМРО-ДПМНЕ со убедливо најдолг стаж е поранешниот директор на Развојната банка, Драган Мартиновски кој за 12 години на функцијата зел над 340.000 евра народни пари.

Еве ги вистинските паразити.

Додека граѓаните мака мачеа со минимална плата од 8.000 денари и просечна плата од 20.000 денари, паразитите од ВМРО-ДПМНЕ со години се богателе на нивна сметка.

Ниту една празна прес-конференција од луксузниот дворец, ниту едно соопштение не може да го сокрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ била и се уште е партија на паразити, која не се грижи за интересите и потребите на граѓаните.