Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА ВО ТЕТОВО: 37-годишник повредил две лица со остар предмет

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 37-годишник од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 05.07.2026 во Тетово, по претходна физичка пресметка, пријавениот со остар предмет им нанел повреди на 41-годишник и 42-годишник, двајцата од с.Пршовце. Наредниот ден, на 06.07.2026 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот и во деловни простории во Тетово, при што биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7,62 мм со рамка со девет куршуми и пиштол калибар 22 мм со шест куршуми.