9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за скопјанец за изработка и употреба на лажна платежна картичка

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.К.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка” по член 274-б од Кривичниот законик.

Во текот на 2021 и 2022 година пријавениот обезбедил банкарски податоци од платежна картичка, сопственост на лице од Скопје, по што ги употребил за вршење на 13 неовластени транскации за купување/ плаќање на разни услуги во вкупна вредност од 18.377 денари и за тој износ го оштетил сопственикот на платежната картичка.

Спонзорирано: