11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Предлог за ручекТЕМАКУЈНАНАПРАВИ САМ

Полнети гурмански плескавици: Популарно јадење со мелено месо со потекло од југот на Србија

Југот на Србија може да се пофали со одлични гастрономски деликатеси, а најпознат е по јадењата на скара. Затоа денес ви носиме рецепт за полнети плескавици.

Овие сочни плескавици со печурки полнети со сирење и печени на грил тава се вистинска вкусна фантазија. Послужете ги со салата и прилог по ваш избор и ќе имате одличен ручек.

Подготовка: Во тавче со малку путер пропржете млад кромид. Пропржете неколку минути па додадете го лукот. На крајот додајте ги шампињоните и динстајте додека не е готово. Додадете сол и бибер и додадете балсамико оцет. Се пржат уште 2 минути, се трга од оган и се остава целосно да се излади.Во поголем сад измешајте го меленото месо, пржените печурки, соја сосот и другите зачини. Ставете го во фрижидер 15 минути. Потоа од смесата обликувајте ги плескавиците. Во средината на 4-те плескавици ставете парче сирење, покријте ги со плескавица без сирење и добро затворете ги рабовите. пржете ги плескавиците на грил тава од двете страни.

Спонзорирано: