Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ПОВИСОК СТУДЕНТСКИ ОБРОК И ПОПУСТ ОД 20 ПРОЦЕНТИ – Јаневска најави нов модел за студентите од 2027 година

Студентите во Македонија би можеле да добијат нов модел на субвенциониран студентски оброк, со повисока поддршка, користење на мерката во период од десет месеци и дополнителни поволности при купување кај определени трговци.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, во интервју за емисијата „360 степени“, најави дека предложените промени би можеле да започнат од 1 октомври 2027 година, доколку бидат прифатени од студентските собранија. Меѓу предвидените поволности е и попуст од 20 проценти кај избрани трговци.

Со предложениот модел се отвора можност за поинакво користење на државната поддршка за исхрана на студентите. Сепак, конкретните услови, износите и начинот на користење треба дополнително да бидат усогласени. Засега не станува збор за веќе донесена одлука што важи за студентите во тековната академска година.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Скандал, Мицкоски самиот призна дека нарачува лажни текстови и црни кампањи по медиумите

ДЕСК

ТРИПАТИ СЕ ОБИДЕЛА ДА ПЛАТИ СО ЛАЖНИ 50 ЕВРА – Кривична пријава против тетовка

ДЕСК

РАБОТНИК ШТО МИЕЛ АВТОМОБИЛИ ГО ПРИКАЖУВАЛЕ КАКО ПРОДАВАЧ – Кривична пријава за фиктивни договори во Охрид

ДЕСК