Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Премиерот Ковачевски ќе се обрати по повод јубилеј 40 години РЕК Битола, теренски активности на Плетвар и во Кавадарци

Во сабота со почеток во 12:00 часот претседателот на Владата Димитар Ковачевски ќе се обрати на Свеченоста по повод јубилејот 40 години РЕК Битола која ќе се одржи во Народен театар во Битола.

На настанот свои обраќања ќе имаат и министерот за економија Крешник Бектеши, генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски и директорот на РЕК Битола Пеце Матевски.

Потоа, во 14:00 часот премиерот Ковачевски придружен од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП Државни патишта Ејуп Рустеми, ќе направи увид на градежни работи за рехабилитација на делницата Фариш – Прилеп, после превојот Плетвар.

Теренската агенда на премиерот продолжува во Кавадарци, каде со почеток во 15:30 часот ќе ја посети млекарата „Млечен пат“, а во 16:20 часот ќе ја посети семејната винарија Јаковлевски.

Можеби ќе ве интересира

Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“, тврди СДСМ

ДЕСК

Сиљановска-Давкова ја прими албанската министерка за Европа и надворешни работи, Спиропали: Заедничката европска перспектива да стане реалност

ДЕСК

СНЕГ ЌЕ ТРУПА ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА, НЕКАДЕ ЌЕ ИМА И ПОРОЈНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Метеоролозите со нови најави за времето за следните 4 дена

ДЕСК