Centar.mk
СВЕТ

Седум лица тешко повредени во Англија откако автомобил удрил во пешаци

Маж во своите 30-ти години е уапсен откако седум лица се здобиле со сериозни повреди кога автомобил удрил во пешаци во градот Дерби, Англија. Автомобилот, црн сузуки свифт удрил во повеќе луѓе во Фриар Гејт околу 21:30 часот синоќа, соопшти полицијата во Дербишир.

На седум лица им била укажана помош на самото место, и биле пренесени во болница со низа сериозни повреди, кои не се опасни по живот, додаде полицијата.

Маж во своите 30-ти години, кој е по потекло од Индија, бил пронајден кратко по инцидентот и уапсен под сомнение за обид за убиство, предизвикување тешки повреди со опасно возење, нанесување тешки телесни повреди со умисла и опасно возење, соопшти полицијата.

Тој останува во полициски притвор, пренесе ДПА./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПОЛСКА ПРОГЛАСИ НАЦИОНАЛНА ЖАЛОСТ – Знамињата на половина копје на 8 и 9 ноември

ДЕСК

РУСИЈА ГИ ЗАСИЛУВА НАПАДИТЕ ПРЕД ПРЕГОВОРИТЕ – Украина пријавува прекини на струјата во пет региони

ДЕСК

СИЛНИ ДОЖДОВИ ЈА ПОПЛАВИЈА ГАЗА – Илјадници шатори оштетени, раселените семејства повторно без засолниште

ДЕСК