Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

ЛИЦА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ ВО КАРПОШ ПРИ КОНТРОЛА НА НОЌНИ КЛУБОВИ: Жестока реакција на Независниот синдикат на полицијата

Од Независниот синдикат на полицијата, соопштија дека будно ја следат состојбата со синоќешните настани од пред позната скопска дискотека во Скопје, каде двајца полицајци од ПС ОН Карпош биле нападнати од страна на алкохолизирани лица, при што се здобија со тешки телесни повреди.

– Целосно сме запрепастени од одлуката на обвинителството лицата да бидат ослободени и да не бидат изведени пред суд по итна постака, иако првично биле дадени насоки за тоа, за што нашите информации велат дека оваа одлука била променета од како интервенирал висок функционер од Владата, по што бил променет и обвинителот. Во настанот дополнително бил вклучен и одделот за внатрешна контрола која сега наместо вина кај лицата ќе истражува за работата на колегите.

Бараме сериозен и темелен пристап од страна на сите инстуции, а ние развојот на овој настан детално ќе го следиме. Уште утре ќе испратиме писмена реакција до Основното јавно обвинителство, но и до Министерот за внатрешни работи, затоа што нанесување на тешка телесна повреда на полициски службеник е сериозно кривично дело кое не смее да биде толерирано и допуштено да се маргинализира, пишува Мартин Ефремов, претседател на НСП на својот фејсбук профил.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +