Centar.mk
фотографијата е илустративна
-МАКЕДОНИЈА

Полицијата упадна во повеќе кафичи и казина во Карпош – Има приведени и уапсени

На 27/28.03.2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и казина и презедоа повеќе мерки за одржување на стабилна безбедносна состојба.

На подрачјето на општина Карпош беа извршени контроли во шест угостителски објекти, две казина и други објекти и притоа од слобода беше лишено едно лице за поседување дрога, три беа приведени за утврдување на идентитет, беше преземена една мерка по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, беа преземени 37 мерки по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата , а две возила беа подигнати со специјално возило „пајак“.

Додека, пак на подрачјето на општина Кисела Вода, полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршија контроли во седум казина и седум угостителски објект. Во шест казина констатирани се прекршоци од Закон за пушење, Закон за лична карта како и Закон за приватно обезбедување, а кај еден угостителски објект е констатирано дека нема одобрение за летна тераса а кај еден угостителски објект е констатиран прекршок за пречекорено работно време.

За сите прекршоци изречени се соодветни санкции.

Можеби ќе ве интересира

Земјотрес од 3.1 степени почуствуван во југозападна Македонија, епицентарот близу Корча во Албанија

ДЕСК

ДОЖДЛИВО ВРЕМЕ И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите со нови најави за следните 4 дена

ДЕСК

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани (фото,видео)

ДЕСК