14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Синоптичарите излегоа со прогноза: Времето значително се менува, издадено е и предупредување

Денес ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и на места ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 км/час) од југоисточен правец.

Во Скопје претежно облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец.

Под влијание на циклонска активност, денес и утре ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2), особено во текот на ноќта и утре претпладне. Денес ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 км/час) од југоисточен правец. Дневната температура утре значително ќе опадне. Од понеделник времето ќе биде стабилно со утринска магла по одделни котлини.

Спонзорирано: