Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Убиство ја потресе Македонија: Пронајдено безживотно тело на маж со прострелна рана од огнено оружје

Во близина на Виница е пронајдено тело на машко лице со прострелна рана од огнено оружје, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство.

Според достапните информации увид на местото извршиле припадници на Основното јавно обвинителство Кочани, а согласно првичните информации починатото лице е идентификувано како ловочувар кое било дел од група за комерцијален лов.

Информациите соопштени во јавноста велат дека три лица од странство и еден македонски државјанин се заддржани за потребите на истрагата, а тие лица биле дел од истата ловна група.

Во тек се дејствија на обезбедување докази, се вршат претреси и соодветни вештачења на траги. До целосно расчистување на случајот, задржаните лица ќе бидат обезбедени, а истрагата продолжува во насока на утврдување на одговорноста и причините за трагичниот настан

Можеби ќе ве интересира

# 25 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НОВ СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ – Проектот во Валандовско ќе опфати 1.500 хектари

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СЛЕДУВА ЗАТОПЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Температурите ќе достигнат до 19 степени, но се најавуваат магла, дожд и силен ветер

ДЕСК

ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ – Во едно деноноќие пријавени демнење, закани и напади

ДЕСК