15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКНАУКА

Историски момент: НАСА успешно се судри со вселенското летало Дарт со астероидот Диморфос

Вселенското летало Дарт што денеска го лансираше НАСА, директно се судри со астероид, со што успешно заврши мисијата за „спасување“ на Земјата.

Необичниот настан се случил на околу 11 милиони километри од Земјата, на небесното тело познато како Диморфос.

Тоа е прв обид на човештвото да придвижи друго небесно тело, а целта е да се види дали голем астероид кој се движи кон Земјата може да се пренасочи.

Леталото беше околу 100 пати помало од Диморфос, па затоа не го уништи астероидот. Наместо тоа, Дарт се надева дека судирот ја променил брзината и траекторијата на астероидот во вселената. Научниците очекуваат притискањето малку да го придвижи Диморфос и да го направи гравитациски врзан за Дидимос, поголемиот астероид во системот.

„Влегуваме во нова ера на човештвото, ера во која потенцијално имаме способност да се заштитиме од опасен удар на астероид. Каква неверојатна работа. Никогаш не сме имале таква способност“, рече Лори Глејз, директор на одделот за планетарна наука на НАСА, веднаш откако потврди дека вселенското летало Дарт успешно го удрило Диморфос во првата „мисија за планетарна одбрана“.

Копнените опсерватории ширум светот, вклучително и вселенскиот телескоп Џејмс Веб, ќе го набљудуваат астероидниот систем во наредниот период за да потврдат дали Дарт успешно го променил движењето на астероидот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Фасцинантно: телескопот на НАСА сними галаксии оддалечени 180 милиони светлосни години од Земјата

M T

Новата ракета на НАСА се подготвува за првото лансирање, ќе орбитира околу Месечината

M T

Се движи 27 пати побрзо од звукот: Астероид ќе помине блиску до Земјата

M T

Безос ја тужи НАСА за изборот на Илон Маск, на кого му додели 2,9 милијарди долари за летало на Месечината

M T

Шефот на НАСА за снимките од НЛО: „Мислам дека не сме сами“

M T

Најголемата комета што некогаш е видена ќе помине низ Сончевиот систем

M T