Специјалитет од југот на Србија, поточно Лесковачка, мучкалица е омилен во сите краеви на нашата земја. Лесно се подготвува, а ќе имате вистински гурмански ручек кој ретко кој ќе го одбие.
Како што велат домаќинките од овој крај, тајната е во тресењето, т.е. протресување на тенџерето во кои се подготвува овој специјалитет, не мешајќи.
Состојки: 700 гр свински врат, 300 гр излупени домати, 6 печени црвени пиперки, 3 главици кромид, 200 мл вода, 2 ловорови листови, сол, бибер, алева, пиперка, магдонос.
Подготовка: Зачинете го месото по вкус, па пропржете го на скара или тефлон без масло. На масло пропржете го ситно исечканиот кромид додека не се карамелизира, потоа додадете ја пиперката, а потоа и доматот. Сè заедно пропржете околу дваесет минути, повремено додавајќи вода. Месото исечкајте го на поголеми коцки, па додајте го во зеленчукот и продолжете да динстате уште десетина минути. Мучкалицата не треба многу да се меша, туку само повремено протресете го тенџерето. Додадете зачини по вкус. По правило треба да биде луто, но ако не ви се допаѓа, не додавајте лути пиперки. Префрлете го јадењето во огноотпорен или земјен сад и печете во рерна уште десетина минути. Пред самиот крај додадете ситно сечкан магдонос.