Две лица загинаа, а најмалку осум се повредени во руски балистички напади врз Киев во текот на ноќта.
Пожари и материјална штета се регистрирани во повеќе делови од украинската престолнина, меѓу кои Соломјански, Подилски и Дњепровски. Украинските спасувачки екипи соопштија дека биле погодени станбени и други објекти.


