22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Големо намалување на цената на дизелот, ова се новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,38% во однос на одлуката од 16.09.2022 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,082 ден/кг и сега ќе изнесува 50,391 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Од 20.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин​​ЕУРОСУПЕР БС – 95​​​ 84,50 (денари/литар)
Моторен бензин​ ​ЕУРОСУПЕР БС – 98​​​ 87,00​ (денари/литар)
Дизел гориво​​​ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)​ ​ 92,00 (денари/литар)
Масло за горење​​Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)​​ 89,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС​​​​​​​​​​​​ ​ 50,391 (денари/килограм)