23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕИЗБОР

На сите ни недостасува мотивација: Со овие 5 чекори ќе ви се допадне вежбањето

Кога не сакаме да направиме нешто, секогаш има изговори кои си ги даваме себеси или на другите, особено кога станува збор за физичка активност.

Затоа, „утре“ нека стане „денес“, но останете дисциплинирани и истрајте.

Станете и почнете
Токму сега, поставете го вашиот аларм рано и спакувајте ја вашата торба за вежбање со се што ви треба за утринскиот тренинг. Но, поставете го алармот што подалеку од креветот, за да мора да станете за да го исклучите. Вежбањето во исто време секој ден може да ви помогне побрзо да ги постигнете посакуваните резултати, а луѓето кои вежбаат наутро имаат поголема веројатност да се придржуваат до распоредот за вежбање отколку оние кои вежбаат подоцна во текот на денот.

Најдете го вашиот идеален стил на тренинг
Пробавте со спининг и не ви се допадна, а трчањето ве убива? Ова не значи дека вежбањето не е за вас, туку едноставно пробајте нешто друго. Најдете активност за време на која се исклучувате и одморете се од секојдневниот притисок. Која вежба е соодветна за вас ќе знаете кога ќе погледнете во часовникот, а времето речиси одлетало.

Не заборавајте ден за одмор
Ако сакате да почнете да станувате порано, важно е сепак да спиете доволно, што за многумина значи седум до осум часа. Ова ќе ве натера да сакате да си легнете во кревет порано. За среќа, истражувањата покажаа дека вежбањето во текот на денот може да ви помогне да заспиете побрзо и да добиете поквалитетен сон.

Шарена облека и чевли
Одлична мотивација за вежбање може да биде и опрема за тренинг. Фенси облека, чевли, подлога, како и самите реквизити можат да бидат ефикасен начин за подигнување на свеста за целите што сакате да ги постигнете. Затоа, одете на шопинг и одберете си облека во шарени бои, бидејќи докажано го подобруваат расположението.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Овие ТРИ трикови помагаат да бидете мотивирани и да не се откажувате од вежбањето

M T

Многумина во теретана имаат слушалки: Дали музиката за време на тренингот ни помага подобро да вежбаме?

M T