7. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерот Спасовски во Букурешт оствари работна средба со Огуз Серкант Акин, директор на Центарот за соработка во областа на спроведување на законот на Југоисточна Европа – СЕЛЕК

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во рамки на официјалната посета на Романија, оствари работна средба со директорот на Центарот за соработка во областа на спроведување на законот на Југоисточна Европа – СЕЛЕК, Огуз Серкант Акин, чие седиште е во Букурешт, а во кој покрај Северна Македонија и Романија, членуваат уште 10 други земји.

На средбата беше истакната значајноста на Центарот за спроведување на законот на Југоисточна Европа како оперативна организација која ја олеснува брзата размена на информации меѓу агенциите за спроведување на законот од земјите членки во областите на прекуграничен криминал. Од особена важност е тоа што СЕЛЕК ги става на едно место ресурсите од дванаесетте земји членки, за остварување на својата главна функција, односно борбата против организираниот и сериозен криминал во Југоисточна Европа и пошироко.

Министерот Спасовски упати изрази на целосна и безрезервна поддршка на МВР во активностите на СЕЛЕК како меѓународен партнер во делот на имплементација на повеќе проекти финансирани од страна на ЕУ, САД, Велика Британија, како и меѓународните организации ООН, Европол, Интерпол, УНДП, ИОМ и други, и изрази задоволство што како потврда за конструктивниот пристап е и фактот што Северна Македонија е присутна во раководството на СЕЛЕК со една директорска позиција.

Во таа насока, во периодот од 2020-2022 година, и покрај светската пандемија предизвикана од корона вирусот, надлежните служби во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија со останатите земји членки на СЕЛЕК и другите партнери разменија над 4000 оперативни информации, одржаа повеќе од 40 оперативни состаноци, а отворени се повеќе од 25 заеднички истраги, при што реализирани се повеќе од 15 заеднички истраги, додека останатите се во процес на реализација. Притоа, за време на разговорите беше посочено дека најголем дел од разменетите оперативни информации се од областа на недозволената трговија со дрога, а потоа и илегалната миграција и трговија со луѓе, финансиски криминал, компјутерски криминал, потраги по лица итн.

Министерот Спасовски истакна дека токму како резултат на заедничката соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Турција, во заедничка истрага врз основа на податоци споделени токму преку каналот СЕЛЕК, кон крајот на 2021 и почетокот на 2022 година, беше реализирана заплена на 1 тон 105 килограми прекурсори на дрога, користени во производството на амфетамин-метамфетамин, чија вредност е проценета на повеќе од 50 милиони евра. Притоа, станува збор за најголема заплена на супстанца за производство на синтетичка дрога во регионот на Југоисточна Европа, како и најголема заплена реализирана досега во рамки на СЕЛЕК.

Можеби ќе ве интересира

Премиерот Ковачевски ќе одржи средба со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски

M T

Средба Османи – Касулидес

M T

Средба на Грковска со романската амбасадорка Аксинте: Унапредување на соработката меѓу Северна Македонија и Романија, посебно во областа на креирање на антикорупциски политики

M T

Реализирана билатерална средба на министерот Спасовски со неговиот романски колега Боде, на која беа потпишани и два документа за зацврстување на соработката

M T

Грковска и Тренчевска на средба со Сојузот на борци од НОАВМ: Значајно е место на борците во општествениот живот, ги одржуваат сеќавањата на историските придобивки

M T

Спасовски: Обединети сме во слободата, а чувањето на независноста е наша заедничка обврска

M T