Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Бочварски: Го развиваме Дојранскиот регион, започнува реконструкцијата на три патишта во општина Дојран

Вложуваме преку 30 милиони денари за подобрување на локалната патна мрежа во Дојран, обезбедуваме регионален раст и развој и подигнување на туристичкиот потенцијал на Дојранскиот регион, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска беше во работна посета на општина Дојран.

Бочварски оствари средба со градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, со кој го потпишаа договорот за реконструкција на три локални патишта во Дојран, за чија инвестиција обезбедени се средства од централната власт преку Проектот за поврзување на локални улици и патишта.

„Денеска заедно со градоначалникот Ангов го потпишавме договорот за реконструкција на три локални патишта кои општина Дојран ги означи како приоритетни и тоа во населените места Црничани, Николиќ и Фурка. Преку Министерството за транспорт и врски за овие 3 локални патишта обезбедивме речиси 26 милиони денари. Постапката за избор на изведувач е завршена, изведувачот е спремен со механизација да започне со градежни активности во секој момент. Го развиваме Дојран и околината, го подобруваме квалитетот за живот на граѓаните, но најважно од се го подобруваме и туристичкиот потенцијал на целиот регион“, изјави Бочварски.

Во рамки на посетата Бочварски и Ангов извршија увид и во реконструкција на водоводниот систем во населеното место Фурка.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Задоцнета и половична мерка на Мицкоски која нема да има ефект, нема намалување на цените на горивата

ДЕСК

Мицкоски: Владата донесе одлука, се намалува данокот на ДДВ на бензините и нафтата од 18 на 10%,за да се спречи енормен скок

ДЕСК

Апсења и претреси во Куманово

ДЕСК