Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Излетало возило со полски ознаки кај Миладиновци, совозачот е тешко повреден

На 14.09.2022 во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, во близина на наплатна рампа Миладиновци и надвозник од клучка „Окта“, патничко моторно возило „шкода форман“ со полски национални ознаки, управувано од М.С.Н.(39) од Полска, изгубило контрола и излетало надвор од коловозот.

По несреќата совозачот М.М.Д.(47) од Полска бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ -Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот е известен Јавен Обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК