14. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕ

Еве што се случува со телото ако престанеме да јадеме шеќер 7 дена

Сите сакаме слатки, но не сме свесни дека шеќерот е големиот непријател на нашето здравје. Откако ќе го исфрлиме од исхраната, се случуваат значителни промени.

Индустриски преработените и рафинираните шеќери се голема опасност.

Ако ги отстраните од исхраната, можете драстично да го подобрите вашето здравје, а лесно можете да ги замените со природни замени за шеќер како мед, стевиа или јаворов сируп.

Се разбира, тоа е полесно да се каже отколку да се направи. Сепак, важно е само да се донесе одлука, а со едноставно укинувањето на шеќерот, ќе спречите најголем дел од штетата што ја предизвикува, додека долгорочните ефекти можат да бидат импресивни.

Доколку одлучите да го прифатите предизвикот и да се откажете од шеќерот, ќе ви се случат многу позитивни промени.

Што се случува по првата недела?
Откако ќе престанете да консумирате шеќер само седум дена, една од двете работи ќе му се случи на вашето тело.

– Доколку во вашиот претходен животен стил доминираа преработена храна, сокови, газирани пијалоци и шеќери, веројатно се уште ќе бидете во фаза на детоксикација.

На крајот на краиштата, шеќерот е зависност и не можеме да се ослободиме од повеќето зависности освен ако прво не почувствуваме одредени симптоми и не поминеме низ криза. Во првите седум дена, и ако сте јаделе многу шеќер, тогаш малку подолго, може да почувствувате желба за шеќер, анксиозност, па дури и депресија во посериозни случаи.

Овие ефекти обично се намалуваат по првата недела, но во зависност од нивото на зависност од шеќер, тие може да траат уште една или две недели.

Ако вашиот внес на шеќер е поумерен и сте се префрлиле на исхрана богата со протеини, влакна и здрави масти, треба да почнете да се чувствувате прилично добро по само седум дена. Ќе бидете помалку троми, количината на енергија во текот на денот ќе биде постабилна, а вашето расположение ќе се подобри.

Што по еден месец, а што по една година?
По еден месец без шеќер, вашата желба за десерти ќе исчезне, а наместо тоа ќе се засили желбата за протеини и зеленило.

Ако поминете цела година без преработени шеќери, вашето здравје ќе се подобри. Вашето тело ќе се прилагоди да функционира на основните хранливи материи и најверојатно ќе изгубите килограми.

Ве молиме имајте предвид дека како дел од таков начин на живот, од време на време можете да се почестите со нешто слатко. Целта е најчесто да се храните здраво, но ако го внесете повремениот „сладок исклучок“ во вашата исхрана, тоа не треба да ви пречи.

Кога вашето тело ќе се исчисти од вештачки шеќери, ќе престанете да чувствувате глад цело време, ќе изгубите килограми и вашата тежина ќе се стабилизира.

Доколку одлучите да го прифатите предизвикот и да се откажете од шеќерот, ова се позитивните промени кои ќе ви се случат како резултат на тоа.

1. Ќе ви се стабилизира телесната тежина

Зависноста од шеќер е вистинска. Колку повеќе го консумирате, толку повеќе го сакате, особено ако консумирате многу преработени шеќери, кои ги има и во масната и брзата храна и јадењата со висока содржина на јаглени хидрати. Ако го намалите внесувањето на шеќер, вашето тело ќе ви се заблагодари бидејќи нема да мора да се бори со несаканите дополнителни калории. На почетокот ќе почувствувате голема желба за слатки, но кога телото ќе ви се исчисти од вештачки шеќери, ќе престанете да чувствувате постојано глад, ќе изгубите килограми и ќе ви се стабилизира тежината.

2. Ќе имате повеќе енергија

Кога сме уморни, често консумираме храна или енергетски пијалоци кои содржат големи количини шеќер бидејќи сакаме нешто брзо да не „подигне“. Иронично е што всушност му ја одземаме на телото потребната доза на енергија. Имено, целиот шеќер што го внесуваме ја блокира способноста на нашето тело да ја одржува енергијата на максимално ниво. Затоа, кога сте уморни, не посегнувајте по чоколади или пијалоци со многу кофеин и шеќер. На овој начин ќе ги избегнете големите подеми и падови на шеќерот во крвта, кои всушност прават да се чувствувате уморни.

3. Кожата ќе ви биде поздрава и поубава

Не е тајна дека шеќерот ги влошува акните и мозолчињата, а често и ги предизвикува. Ако не можете да се ослободите од нив со сесрдна помош на козметичарите и кремите, размислете да го исфрлите шеќерот од вашата исхрана бидејќи можно е проблемот со акните да ви доаѓа од внатре. Многу луѓе кои го направиле ова потврдуваат дека нивната кожа брзо станала почиста, поубава и поздрава.

4. Вашето варење ќе стане подобро

Нашиот дигестивен систем сака храна со многу влакна и минимум тешка храна, вклучително и шеќер. Дури и драстичното намалување на внесот на шеќер ќе направи голема разлика во вашиот дигестивен систем. Желудникот и цревата полесно ќе сварат сè што ќе јадете и почесто ќе имате столица, а болниот запек ќе стане само спомен.

5. Ќе престанете да копнеете за шеќер

Верувале или не, можете да се ослободите од желбата за слатки, а намалувањето на шеќерот ќе ви помогне во тоа. По некое време, вашите омилени чоколади може да станат премногу слатки за вас, а најмногу ќе уживате во овошниот вкус и природните шеќери кои се наоѓаат во нив. Кога ќе пробате залак од вашата омилена торта после месец или два, ќе се изненадите колку всушност е слатка.

Можеби ќе ве интересира

Кои се придобивките од пиењето кафе: омилениот пијалок на многу луѓе може да го намали ризикот од дијабетес

CENTAR MKD

Ги намалува шеќерот и холестеролот: Ова растение се нарекува златно, а неговиот корен е чудотворен лек

M T

Можеме ли да избегаме од стресот: Еве како тој влијае на вашето тело

M T

12 дена јадела само банани: Еве што се случило со нејзиното тело

M T

Јадел само леб и шунка 10 години: Она што почнало да му се случува на телото ги оставило лекарите без зборови

M T

Еве како да го научите вашето тело да се буди порано

M T