Рецепт кој често ќе го користите.
Никој не може да одолее на вака подготвеното пилешко.
Замислете само пилешки гради со печурки и сланина, во сочен сос кој само ја подобрува оваа комбинација на вкусови.
Со малку труд добивате гурмански ручек.
Состојки:
пилешки гради
300 гр печурки
2 листови сува сланина
1 голема пиперка
1 главица кромид
3 чешниња лук
3 лажици инстант сос од печурки
коцка сирење
200 гр кисела павлака
300 мл вода
масло, бибер, магдонос
Подготовка:
Месото исецкајте го на тенки парчиња и пропржете ги на масло. Се вади од тавата и се додава ситно сецканата чадена сланина да се растопи. Додадете исецкан кромид и бибер на мали коцки.
Се пржи додека не крамелизира, па се додаваат цели мали печурки, а ако се големи исецкајте ги.
Заварете со малку вода да омекне и да се залепи. Во сад ставете ја павлаката, инстант кремот и водата, измешајте и прелијте ги во готовите печурки.
Додадете сецкан лук. Вратете го месото и динстајте уште 10 минути. На крајот додадете рендано сирење, магдонос и мелен пипер.