Centar.mk
НАУКА

НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИЈА НЕОБИЧНА ВРСКА СО НЕАНДЕРТАЛЦИТЕ – Генетска варијанта поврзана со помал ризик од шизофренија

Ново генетско истражување укажува дека одредена варијанта наследена од неандерталските предци може да биде поврзана со намален ризик од развој на шизофренија кај современите луѓе. Резултатите се објавени во научното списание PNAS.

Според истражувачите Хуго Цеберг и Сванте Пебо, лицата што носат две копии од испитуваната варијанта во анализираните податоци покажале приближно десет проценти пониска веројатност за развој на ова нарушување.

Наодот не значи дека генетската варијанта целосно штити од болеста, ниту дека може да се користи како самостојна медицинска проценка. Шизофренијата е сложено нарушување во чиј развој учествуваат повеќе генетски и други фактори. Истражувањето придонесува за подобро разбирање на можните еволутивни влијанија врз човечкото здравје.

Можеби ќе ве интересира

25,5 МИЛИОНИ МОЗОЧНИ КЛЕТКИ ПОД ЛУПА – Научниците направија огромна мапа на мозокот

ДЕСК

ОЗОНСКАТА ДУПКА МЕЃУ СЕДУМТЕ НАЈГОЛЕМИ ДОСЕГА – НАСА ги објави податоците за 2026 година

ДЕСК

ПО РЕЧИСИ 22 ГОДИНИ ЗАВРШИ МИСИЈАТА „SWIFT“ – Сателитот на НАСА повторно влезе во атмосферата

ДЕСК