Centar.mk
фото Влада 17.11.2019
МАКЕДОНИЈА

БЕБЕ ЗАВРШИЛО НА ДЕТСКА ХИРУРГИЈА ПО ИНЦИДЕНТ НА ГИНЕКОЛОГИЈА – ГАК отвора дисциплинска постапка

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се испитува инцидент во кој на новороденче му бил повреден прст при отстранување инфузија. Случајот предизвика реакции откако таткото на детето јавно ги опиша околностите во кои дознал за повредата.

Според неговото сведоштво, инцидентот се случил пред два дена, кога семејството се подготвувало да го земе бебето од болницата. Наместо да биде отпуштено, новороденчето било пренесено на детска хирургија, каде што била извршена медицинска интервенција.

Од Клиниката најавија дисциплинска постапка за утврдување на околностите и евентуалната професионална одговорност. Резултатите од постапката треба да покажат дали биле почитувани медицинските протоколи и како дошло до повредата.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСВРТ ВО СЛУЧАЈОТ СО РОСИЦА КОЦЕВА – Обвинети полициски службеници од Велес за злоупотреба на службената положба

ДЕСК

Кузманоска: Со Предлог-Буџетот предвидени се 40,8 милијарди денари за капитални расходи за инфраструктурни инвестиции како Коридорите 8 и 10д и автопатското поврзување на Прилеп – Битола

ДЕСК

КРАВИТЕ ПО УЛИЦИТЕ НА КРИВА ПАЛАНКА ПРЕДИЗВИКАА ПОЛИТИЧКИ СУДИР – Општината и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања

ДЕСК