Ако кафето е првото нешто по кое посегнувате наутро веднаш штом ги отворите очите, можеби е време да ја промените таа навика и да се обидете да се разбудите на поинаков начин.
За сите зависници од кофеин, кафето е најважниот пијалок во денот. Го пиеме затоа што ни дава чувство на будност и енергија. Но, тоа чувство не трае долго, особено ако користите засладувачи или пиете некое инстант кафе. Само привремено ќе ве „крене“, но многу брзо ќе останете без енергија и ќе бидете подеднакво поспани како кога сте станале.
Ви предлагаме наместо кафе, да се обидете да консумирате некоја друга намирница која е многу подобро средство за будење.
Вода
Многу е важно да му обезбедите на телото доволно течности. Кога мозокот нема доволно течност, тој работи побавно, а ние се чувствуваме уморни и поспани. Затоа е најдобро да се напиете чаша вода веднаш штом ќе станете. Истиот ефект го има и попладне – кога веќе забораваме дека не сме испиле доволно течност и тешко гледаме, најдобро е да испиеме чаша вода и да му ја обезбедиме на телото потребната течност.
Овесна каша
Иако многумина ја јадат за појадок, сепак со неа пијат шолја кафе. Но, тоа навистина не е потребно. Со оглед на тоа што овесната каша има низок гликемиски индекс, ќе ви обезбеди доволно енергија и чувство на ситост во следните неколку часа. Кога телото има енергија – не е уморно!
Зелен лиснат зеленчук
Можеби не звучи многу привлечно, но зелениот лиснат зеленчук (како спанаќ, магдонос, целер, блитва, кељ…) содржат многу витамини од групата Б кои помагаат храната да се претвори во енергија. Зошто да не го започнете денот со убаво зелено смути наместо кафе.
Чиа семе
Мали, добро познати супер семиња, богати со омега-3 масни киселини кои помагаат да се забрза работата на мозокот и да помогне во борбата против заморот. Исто така, поради големата способност да апсорбира течност, чии семето го забрзува метаболизмот и обезбедува чувство на будност. Бидејќи се малку незгодни да се јадат сами, додајте ги во овесна каша или смути и обезбедете двојна доза на будење.
Јајца
Не за џабе велат „Едно јајце секое утро му дава сила на телото“. Имено, протеините од јајцата на телото му обезбедуваат многу енергија која ќе ја имате во текот на денот. Изборот на подготовка на јајца е голем, можете да направите матени јајца, омлет или да ги сварите. Можете, на пример, да комбинирате јајца и малку зелен лиснат зеленчук во одличен омлет и да направите вистинска енергетска бомба.