7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКЉУБОВ И СЕКС

Секс на плажа – Седум совети кои ќе го направат уште подобар

Одењето на плажа со партнерот е совршена можност да пробате нови работи во креветот. Можете да работите на интензитетот, да пробате нови пози, а оние што се посмели можат да се впуштат во авантура наречена – секс на плажа.

Бидејќи ова е активност „под ведро небо“ и имајќи на ум дека околу вас ќе има песок, има неколку совети кои ќе ви помогнат да не бидете фатени „на дело“ и да го направите искуството попријатно и поинтересно.

1. Прво и основно – направете го тоа откако ќе се стемни

Во текот на денот плажите се полни со луѓе и тешко е да се најде скриено катче. Во текот на ноќта ќе биде полесно да се скриете од љубопитните очи, а бидејќи видливоста е значително намалена, вашите други сетила, како допирот, ќе бидат засилени.

2. Побарајте карпа

Карпата може да послужи како добра потпора и да ве оддалечи од песокот, кој може да се заглави на разни непријатни места. Покрај тоа, поголема карпа ќе ви обезбеди дополнително засолниште од погледот на другите посетители на плажа.

3. Грижете се за позите

Ако вешто ги избирате позите, на случајните минувачи може да им се чини дека само седите во скутот на вашиот партнер или дека лежите на крпа еден зад друг и го гледате ѕвезденото небо.

4. Мудро изберете облека

Ако носите тесни шорцеви, може да биде незгодно да ги соблечете или облечете за кратко време. Затоа изберете кратко здолниште или фустан кој ќе крие што се случува одоздола.

5. Понесете душеци и крпи

Ако добро се опремите со крпи и душеци, можете да легнете на едната подлога, а со другата да се покриете, така што изгледа како само невино да се гушкате.

6. Размислете за морето

Ако се плашите дека некој може да ве види на плажа, размислете за опцијата да имате секс во вода. Доволно е да ги тргнете купачите настрана, а ако го правите тоа навечер, никој ништо нема да може да види, па ќе се однесувате само како ноќни капачи.

7. Бидете брзи

За да ги намалите шансите некој да ве фати на дело, особено надлежните, направете ја целата подготвителна работа многу порано – па дури и можете да ја истегнете во текот на целиот ден. Палаво допирајте и флертувајте, додека самиот чин треба да се забрза, заради безбедност.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Женскиот оргазам трае 3 пати подолго од машкиот

M T

Маж застрелан на популарна плажа во Хрватска, починал на пат кон болница

M T

Откриено зошто мажите никогаш не велат „НЕ“ на сексот, дури и кога не им е до тоа

M T

Што се се менува во сексот во триесеттите?

M T

Хорор на плажа во Хрватска, змија каснала туристка

M T

Подгответе се за на плажа: Намалете го внесот на калории на овие 4 начини

M T