Centar.mk
МОЗАИК

Никој не зборува за овие 4 работи во с****т после триесетите, а треба – СЕ СЕ МЕНУВА!

Кај мажите најчест проблем во младоста е прераната ејакулација, додека кај жените потешкотиите се поврзани со постигнување оргазам.

Како што влегувате во 30-тите, работите се менуваат и таа промена не е нужно лоша или подобра – само треба да се прилагодите на неа.

1. Потребно е подолго време за да се возбудите, но и да ја достигнете кулминацијата

Бидејќи нивото на полови хормони во телото е пониско, за очекување е „вклучувањето“ да не трае повеќе неколку секунди. Иако сексуалниот стимул стигнува до мозокот, потребни се најмалку пет до десет минути телото да се доведе до состојба на вистинска возбуда. Затоа дефинитивно е подобро предиграта да трае подолго, а добрата вест за сите кои се жалат дека сексот со партнерот е прекраток е што самиот чин во просек трае од две до пет минути.

2. Оргазмот е почест

Ова првенствено се однесува на жените, кои често се позадоволни од својот сексуален живот во 30-тите отколку во 20-тите. Причината за сè почести оргазми е подобро познавање на сопственото тело и поголема самодоверба, што овозможува подобра комуникација со партнерот и негово „водење“ во кревет. Така, една неодамнешна студија покажа дека 80 отсто од жените во четириесеттите се поактивни и попретприемнички во сексот отколку во нивните 20-ти.

3. Хормоните влијаат на гениталиите

Влијанието на хормоните, начинот на живот, контрацепцијата и разни нарушувања поврзани со болести на тироидната жлезда, замор, депресија и стрес имаат влијание врз самиот сексуален живот. Жените во 30-тите може да доживеат посилно мокрење поради нив, што не е нешто за што треба да се грижите, но веројатно да ги истражете причините и да ги олеснете работите со подолга предигра и лубриканти. Кај мажите може да се случи слично, да имаат послаба и поретка ерекција, која може да биде последица на уринарни инфекции, стрес и хормони.

4. Има помалку секс, но значи повеќе

Факт е дека луѓето имаат помалку секс во доцните 30-ти, но тоа не мора да значи ништо лошо, бидејќи тоа е последица на обврските, родителството и хормоналните промени. Сепак, истражувањата покажуваат дека над 70 отсто од мажите и жените веруваат дека нивниот сексуален живот станал подобар, дека сексот не се „одработува“, туку дека во него се ужива повеќе и дека носи повеќе емоции.

Можеби ќе ве интересира

Полисата за осигурување на „Титаник“ оди на аукција, се очекува да достигне цена од 50.000 фунти

ДЕСК

ВРЕМЕТО НА МИТРОВДЕН ОТКРИВА КАКВА ЗИМА НÈ ЧЕКА – Старо верување предупредува: Кој вечерва не спие во својот дом, цела година ќе спие по туѓи куќи

ДЕСК

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 9 НОЕМВРИ 2026 – На три знаци им се отвора финансиска шанса, еден ќе добие порака што ќе му го смени денот

ДЕСК