Кога ќе ги прашате повеќето луѓе кој мислат дека е највалканиот дел од нивното тело, повеќето ќе мислат на анусот и многу ќе погрешат. Овие делови од телото се всушност многу повалкани од него, а тоа не ви паднало на памет.
Научниците од Харвард открија, на пример, дека само во нашата уста имаме повеќе од 615 видови бактерии, од кои некои се исти, а некои се многу полоши од оние што ќе ги најдете во близина на анусот. И еве уште примери на валкани делови од телото за кои никогаш не сте помислиле дека се почва за бактерии:
Уста
Како што веќе рековме, устата е едно од омилените засолништа за многу бактерии, од кои повеќето се опасни, па се надеваме дека добро се грижите за оралната хигиена.
Пазуви
Под пазувите се кријат околу 80.000 бактерии, поради што повеќето луѓе се борат со непријатниот мирис на потта. Дезодорансите и парфемите немаат никаква корист во оваа ситуација, па затоа мијте го овој дел од телото со добар антибактериски сапун.
Уши
Ушната маст е неопходна затоа што ги штити ушните канали од разни бактерии, инсекти и вода, но во исто време, токму поради неа ушите се класифицирани како највалкани делови од телото и доколку не ги исчистите редовно, многу лесно може да дојде до габична инфекција.
Јазик
Заедно со устата, јазикот е еден од највалканите делови на телото и ретко кој се сеќава да го исчисти. Редовно четкајте го кога ги четкате забите.
Нокти
Под ноктите се крие вистински расадник на бактерии невидливи со голо око. Затоа внимавајте да не бидат премногу долги и редовно мијте ги рацете.
Глава
Чешањето на скалпот не е предизвикано од првут сам по себе, туку од првут измешан со бактериите што ги имате на скалпот. Колку подолго го одложувате миењето на косата, толку повеќе бактерии имаат шанса да се населат на вашата глава и да шират непријатен мирис.