Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Честитка на генералниот секретар Зечевиќ: Нека е честит Илинден – темелот на македонската државност, паметник на минатото и светилник кон иднината!

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ испрати честитка до граѓаните, по повод 2-ри Август – Денот на Републиката.

„Нека е честит и вековит 2-ри Август – Денот на Републиката!

Илинден – темелот на македонската државност, паметник на минатото и светилник кон иднината.

Денеска оддаваме почит на херојските предци, илинденци, револуционери, асномци. На сите кои со својата визија, храброст и одлучност го трасираа патот кон создавање на слободна современата, самостојна и демократска македонска држава.

Да се обединиме и заедно да ја градиме татковината како наш заеднички дом, напредна, просперитетна, европска.

Илинден е нашата сила за европска иднина.

Нека е за многу години!“ стои во честитката на генералниот секретар Зечевиќ.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Невработеноста е на историски најниско ниво, под пет проценти

C +

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +