Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски од Мечкин камен: Го чуваме македонскиот јазик, но ги почитуваме и јазиците на другите народи

„Денес во нашата земја се твори на македонски јазик по примерот на Конеки, Јаневски, Андреевски, Мисиркова-Руменова, Крле, Шопов, Николова, Урошевиќ, Стефановски, продолжувајќи го делото на Мисирков, Миладиновци, Цепенков, Прличев, кои не задолжија да го чуваме, негуваме и развиваме македонскиот јазик“ рече премиерот Димитар Ковачевски во неговиот говор на Мечкин камен при прославата на Илинден.

Тој додаде дека во нашата држава се признани и се негуваат и јазиците на сите други народи кои живеат тука, со што покажуваме почит и разбирање и поставуваме цврста основа за меѓусебна доверба.

„Денес, Северна Македонија е пример како се градат добрососедски односи, предводеник е во иницијативата ‘Отворен Балкан’ што носи бенефит на економски план и ја зајакнува соработката меѓу соседите. Се интегриравме во НАТО, како почитувана земја-членка, а вратите ни ги отвори и ЕУ, прифаќајќи ја нашата посебност како Македонци, кои говорат македонски јазик и како мултикултурна држава што може да придонесе во развојот на интегративниот концепт на еврпската идеја“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека Илинден е длабоко врежан во нашиот код и дека тоа е идеја за заедништво и прогрес што гради мостови, идеја која поврзува, а не дели.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Филипче заедно со Пендаровски на денешната промоција на документарниот филм “Заробена вистина”

ДЕСК

ОД МИНУС ДО ПЛУС: Свежи утра и постепено затоплување преку ден

ДЕСК

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

ДЕСК