Centar.mk
СВЕТ

Зеленски: Русија бара прекин на огнот, а истовремено ја напаѓа Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за „целосен цинизам“, оценувајќи дека бара прекин на огнот додека истовремено изведува нови ракетни и дронски напади врз Украина.

Тој соопшти дека во ноќните руски напади загинале повеќе лица, а десетици се повредени, при што цел биле објекти од енергетската инфраструктура.

„Русија може да го прекине огнот во секој момент. Потребен е мир и вистински чекори за тој да се постигне“, напиша Зеленски на Икс, додавајќи дека Украина „ќе возврати со иста мера“.

Русија претходно најави примирје за 8 и 9 мај по повод одбележувањето на победата во Втората светска војна./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Маж испрскал минувачи со непозната супстанца, едно лице завршило во болница во Токио

C +

Истраги за силувања на деца во градинки и основни училишта: Франција потресена од голем скандал

C +

Авион во кој се наоѓаше британски министер цел на напад: „Ова е неодговорно руско мешање“

C +