29.8 C
Скопје
10. август 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar Мозаик Технологија

Еве зошто капачето на резервоарот не е секогаш на исто место

Ако некогаш сте позајмиле автомобил од пријател или сте го изнајмиле од агенција за рента кар, сигурно сте имале енигма при посета на бензинска пумпа – на која страна е капачето на резервоарот?

Некои автомобили го имаат отворот за гориво на левата страна, некои од десната страна, и има голем број причини зошто е тоа така.

При дизајнирање на нов модел, инженерите имаат слобода да го постават отворот за гориво на која било страна што е најпрактична. Фактори кои влијаат на оваа одлука се дизајнот, локацијата на компонентите како што се моторот и резервоарот, но и самата шасија. Различните компоненти сместени во шасијата и погонската група често ги ставаат инженерите во различни ограничувања кога дизајнираат нов автомобил во обидот да ги насочат линиите за гориво на истата страна на секое возило.

Ако треба да се погледне географијата, логиката е дека Европејците и Американците го имаат капачето на резервоарот на левата страна, бидејќи полесно се паркира поблиску до пумпата за гориво, а самиот процес на полнење е поедноставен. Од друга страна, можно е возачите од Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија и Кина да го претпочитаат полнењето гориво од десната страна, но често се случува британскиот и јапонскиот модел да го имаат капачето на резервоарот лево, а Европски и американски од десната страна.

На позицијата на капачето за полнење гориво воопшто не влијае претпочитањето на возачот, и иако постојат прописи за тоа каде треба да се стави капачето за гориво, тие исто така не прецизираат на која страна треба да биде. Правилата што ги регулираат системите за гориво во автомобилот бараат капачето на резервоарот да се наоѓа на најширокиот дел од автомобилот, подалеку од зоните на „гужване“ од лим при судар и да не капе на топли делови од издувниот систем или електрични жици.

Сега, исто така, би било бесмислено сите автомобили да имаат отвор за гориво на иста страна, бидејќи тоа би создало метеж на бензинските пумпи бидејќи повеќето возачи би сакале пиштолот за гориво да им биде на страната каде што е капачето на резервоарот.

И за крај, една занимливост: ако не можете да се сетите на која страна од автомобилот се наоѓа капачето на резервоарот, само погледнете ја стрелката на таблата со инструменти што го покажува нивото на горивото. Повеќето автомобили имаат индикатор на контролната табла што може да ве спаси од тоа да се враќате во автомобилот и префрлање на другата страна.

Можеби ќе ве интересира

Автомобил удри во пензионер кој возел велосипед – Со тешки повреди е пренесен во болница

M T

До морето и назад без полнење на резервоарот: Овие автомобили ќе ви го овозможат тоа

M T

Тешко повреден возач на мопед по удар со автомобил во струмичко

M T

Автобус и автомобил се судрија во Скопје

M T

Автомобил удри во оградата на руската амбасада во Букурешт – Возачот изгоре зад воланот

M T

Совети кои ќе ви значат: Еве што да направите ако автомобилот ви заглави во снегот

M T