Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пендаровски: Неколку партии се финансираат од Москва, од соседството нѝ доаѓаат луѓе кои се руски агенти

Изјавата на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров дека расположението на македонскиот народ е спротивно на евроатлантскиот курс на владеачката елита е провокативна и дел е од политичка пропаганда, оцени македонскиот претседател Стево Пендаровскки во интервју за „Фокус“.

„Русија се меша во нашите внатрешни работи и сите институции го знаат тоа. Последен пат со интензивно учество преку свои луѓе, свои политички субјекти, свои инсталации. Од соседството доаѓаат луѓе кои се руски агенти, односно луѓе на руската служба. Не можам јавно да обелоденам од каде точно доаѓаат, зашто тоа се сензитивни информации, меѓутоа Русите и преку тие, модерно речени хибридни закани, преку политичката пропаганда прават обиди за влијание“, вели Пендаровски.

Според него, надлежните органи располагале со сознанија за луѓе кои доаѓале со цел да направат провокација на неодамнешни граѓански протести, но и за финансирање на „некои политички субјекти“. Тој притоа не откри за кои субјекти се работи, освен што посочи дека се „неколку субјекти кои неколку години наназад се во директна корелација со Москва“.

Пендаровски вели дека никој нема проценка кога би завршила руската воена интервенција во Украина, но, како што додава, сите проценки упатуваат дека конфликтот ќе трае.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК