Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на самитот на ЕПП: Одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси

Премиерот на Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христиан Мицкоски извести дека денеска присуствувал на самитот на ЕПП, каде што заедно со истакнати лидери и претставници од Европа се дискутирале клучни прашања за иднината на нашиот континент.

„Размената на идеи, искуства и визии беше од особено значење, а атмосферата беше исполнета со енергија, соработка и заедничка посветеност кон европските вредности.

Овој самит претставуваше одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси. Убеден сум дека ваквите средби придонесуваат за подобра иднина и посилна Европа за сите нас“, вели Мицкоски./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СРЕДБА СО „ПРИЈАТЕЛИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН“ – Сиљановска во Брисел разговараше за реформите и евроинтеграцијата

ДЕСК

СОВЕТОТ ГО ПОТВРДИ ИМЕНУВАЊЕТО – Искра Хаџи-Василева ја презема функцијата во ОЈО ГОКК на 14 ноември

ДЕСК

ПОВИЦИ ЗА ПРОПУШТЕНИ МРП ВАКЦИНИ – Во Бит-пазар расте одѕивот на родителите

ДЕСК