Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

205 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (27.07.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 205 возачи. Од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возила се движеле со дури над 70 километри на час. При тоа 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 119 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Мисајловски ги отвори редовните билатерални одбранбени консултации со САД – нашето стратешко партнерство ја зацврстува македонската одбрана и колективната безбедност во НАТО

ДЕСК

Николоски за стопирање на биометриските проверки кон Грција: Не треба да правиме маркетинг туку да ја завршиме работата

C +

Артан Груби останува во куќен притвор

C +