Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен криумчар, пронајдени шест лица мигранти

На 25.07.2022 во 21.40 часот на автопатот „Пријателство“, од Граничен премин „Табановце“ кон Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Сопот“ го лишиле од слобода О.Б.(29) од с.Црвени Брегови, неготинско. Тој бил затекнат додека во возилото „алфа ромео“, со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал, се качуваат шест лица мигранти од Индија.

Возилото било одземено, а мигрантите биле сместени во транзитен центар. О.Б. бил предаден во Полициската станица Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Европски фронт собира потписи за уставни измени: Време е да се деблокира евроинтеграцијата

C +

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК

Трагедија: Му се слошило, па со автомобилот излетал од патот – почина возач

ДЕСК